Дабар задачи
Полица
Билјана сака да направи нов распоред на нејзината полица. Таа смисли две правила:
• Две правоаголни форми не смеат да стојат една до друга.
• Кружните предмети не смеат да стојат до правоаголни предмети.
Која од следните полици е распоредена следејќи ги двете правила на Билјана?
Четка за заби
Време е малите дабари да одат на спиење. Секој дабар има четка за заби, која одговара на неговата големина. Но, погледнете ја сликата за да видите што се случило.
"Не толку брзо", вели мајката на малите дабари. "Ана и Миле, сменете ги вашите четки. Сега, Маја и Миле, и вие двајца!". Но, потоа, мајката не знае како да продолжи. Уште кои двајца дабари треба да ги заменат нивните четки, за сите дабари да ги имаат точните четки за заби?
Нинџа
Еден дабар сака да стане нинџа, па затоа сака да си смисли свое нинџа име.
Какво е вистинското име на дабарот, ако неговото нинџа име е "zukame moru"?
Полицајци
Четири дабари стојат во еден ред, како што е прикажано на сликата подолу.
• Дабарот со двете раце кренати во воздух стои веднаш до Петар.
• Андреј стои веднаш до дабарот што нема значка (беџ).
• Мето ги нема кренато двете раце во воздух.
Во редослед од лево кон десно, кои се дабарите што се прикажани на сликата?
Понудени одговори
А) 1 - Мето, 2 - Петар, 3 - Боби, 4 - Андреј
Б) 1 - Мето, 2 - Боби, 3 - Андреј, 4 - Петар
В) 1 - Мето, 2 - Андреј, 3 - Петар, 4 - Боби
Г) 1 - Мето, 2 - Андреј, 3 - Боби, 4 - Петар
Пекара
Пекарницата во Дабарвил произведува по 3 ѓевреци на секои 2 минути. Пред пекарницата има редица и клиентите се услужуваат еден по еден. Дабарите чекаат за да купат различен број на ѓевреци. Но, тие можат одеднаш да добијат најмногу три ѓевреци, и ако сакаат да купат повеќе, потребно е повторно да застанат на крајот на редицата. Пекарницата отворила наутро и во тој момент веќе имало три дабари во редицата. Првиот во редицата, Аце, сака да купи 7 ѓевреци; вториот, Бобан, сака да купи 3 ѓевреци; додека трета е дабарицата Јасмина, која чека за да купи 5 ѓевреци.
По колку минути, сметајќи од отворањето на пекарницата, дабарицата Јасмина ќе ги добие сите ѓевреци на кои чека?
Comments
Post a Comment